Home Актуелно Фрчкоска: Јанева може да тужи за разрешувањето од обвинителската позиција

Фрчкоска: Јанева може да тужи за разрешувањето од обвинителската позиција

Во интервју кое го даде за ТВ 21, адвокатката на бившата СЈО шефица и бивша јавна обвинителка Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, објаснува дека Јанева има право да поднесе тужба на одлуката за нејзино разрешување. Но, додава дека дали тоа ќе го направи ќе одлучат откако ќе ја примат одлуката за разрешување.

„Законот дозволува на Јанева да поднесе тужба за разгледување на одлуката за разрешување и да бара соодветен надомест доколку се утврди дека е разрешена на незаконит начин. Но, прво треба да ја примиме одлуката, па ќе видиме како ќе постапиме“, рече адвокатката.

Деновиве истекува и 30-дневниот притвор на Катица Јанева. Фрчкоска најави дека во текот на денешниот ден ќе го достават барањето за укинување на мерката притвор, а како гаранција ќе го понудат нејзиниот имот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…