Home Спорт Скандал: Српски тренер се закануваше со колење (видео)

Скандал: Српски тренер се закануваше со колење (видео)

Тренерот на Војводина, Ненад Лалатовиќ често е главна тема во медиумите поради инцидентите кои ги прави.

Овој пат Лалатовиќ ги помина сите граници на гостувањето во Ниш против неговиот поранешен клуб Раднички.

Во второто полувреме главниот судија Новак Симовиќ мораше да го исклучи Лалатовиќ откако влезе во конфликт со навивачите на западната страна на стадионот

Скандалот доживеа поголеми размери кога младиот тренер почна да се заканува со колење, односно со гестикулација порача дека „ќе му го скине вратот“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…