Home Спорт Зидан прави изненадвачки потег: Што ќе кажат фановите на ова?

Зидан прави изненадвачки потег: Што ќе кажат фановите на ова?

Зинедин Зидан се соочува со проблеми во тимот, најмногу поради повредата на Асенсио, а нема голема наклоност кон Герет Бејл.

Азар се уште не дебитирал поради повреда, па Зидан има дефицит на фудбалери во офанзивните позиции и поради тоа би можел да направи изненадувачки потег.

Имено, шпанските медиуми тврдат дека Реал е спремен да го ангажира Хатим Бен Арфа.

32-годишниот Французин е слободен агент во моментов и може слободно да потпише договор со „кралевите“.

Зидан во него гледа замена за Асенсио и играч повеќе во ротацијата, но проблем би можел да претставува неговиот темперамент.

Сепак, прашање е како Бен Арфа ќе биде прифатен во соблекувалната, но и од фановите на „кралскиот“ клуб.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…