Home Спорт Српски репрезентативец доживеа голема трагедија додека игра на Мундијалот

Српски репрезентативец доживеа голема трагедија додека игра на Мундијалот

Репрезентацијата на Србија загуби од Шпанија вчера, но и покрај тоа е еден од главните фаворити за висок пласман.

Српските кошаркари веќе некое време се во Кина, а утринава еден од најдобрите кошаркари Василије Мичиќ доби тажна вест.

Одличниот кошаркар на Анадолу Ефес дозна дека починала мајка му, што е навистина тежок и болен удар за него.

Ефес на Твитер ја објави тажната информација, па му дадоа поддршка на Мичиќ.

Нема дилема дека тоа тешко ќе му падне на Мичиќ, па се поставува прашањето дали ќе може психички да го издржи товарот во наредните дуели.
Веќе утре Србија игра четвртфиналет дуел со репрезентацијата на Аргентина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…