Home Актуелно Во Чаир приведени четворица дилери на хероин

Во Чаир приведени четворица дилери на хероин

Полициските службина запленија хероин во 60 мали пакувања, марихуана и пиштол марка „Екол Фират Магнум ЕФ810399 Волтран“ во домовите на браќата Ф.П.(43) и Ф.П.(51) од Чаир.

Претресот е извршен вчера по што двајцата се приведени и против нив, како што соопшти полицијата, ќе бидат поднесени соодветни пријави. Приведен е и Б.П., син на Ф.П.(51).

„Со судска наредба, вчера бил извршен претрес и во домот на Г.П.(41) во Чаир. При претресот била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја, дигитална вага и две фолии со остатоци од прашкаста материја. Г.П. бил приведен во полициска станица. По документирање на случајот и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштуваат од МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…