Home Актуелно Катица Јанева утрово со полициска придружба замина на погребот од нејзината мајка

Катица Јанева утрово со полициска придружба замина на погребот од нејзината мајка

Под полициска придружба, утрово, уапсената и притворена шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, замина за Гевгелија, за да присуствува на погребот од нејзината мајка која почина вчера утрото, пред Јанева да биде уапсена.

Јанева заминала за Гевгелија со одобрение на судија на претходна постапка, кој синоќа и одреди 30-дневен притвор по барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Катица Јанева е осомничена дека ја злоупотребила службената положба и овластувањата и се стекнала со лична корист, со тоа што, најпрво влијаела за ослободување од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничен во „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката.

Јанева, чиј глас се слушаше во снимките објавени од италијанскиот весник „Ла Веритас“, во кои таа на главниот осомничен за случајот „Империја“ Орце Камчев му вели „се ќе биде добро“ е третоосомничена во случајот „Рекет“.

Таа доцна синоќа од Кривичен суд со полициско комбе беше спроведена во истражниот затвор „Скопје“, но сепак и е дозволено денеска да замине за Гевгелија, каде под полициска придружба ќе присустува на погребот на нејзината мајка, која почина вчера изутрината по долго боледување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…