Home Актуелно Ла верита: Јанева како „громобран“, државниот врв ги контролира активностите за „Рекет“

Ла верита: Јанева како „громобран“, државниот врв ги контролира активностите за „Рекет“

Лорис Гајсер од весникот Ла Верита кој ги објавува бомбите поврзани со аферата Рекет, по вчерашните настани даде свое објаснување. Според него, Катица Јанева ќе има улога на „громобран“ во контролирана акција со цел да се спаси државниот врв од целиот скандал.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева изгледа е осудена да игра улога на „громобран“ за сите што се инволвирани во големиот скандал со изнуда и корупција, познат како случај „Рекет“, пишува во својата анализа за италијанскиот весник „Ла верита“ новинарот Ларис Гајсер.

„Катица Јанева изгледа е осудена да стане „громобран” за сите оние судии и политичари, кои се инволвирани во скандалозниот систем за изнуда и погрешно раководење со државата за време на мандатот на Заев“, вели Гајсер во неговата анализа.

„Камчев потврди, а тоа беше потенцирано и од нас, дека првите докази против Јанева беа презентирани пред повеќе од еден месец, пред приведувањето на Боки13. Повеќе од еден месец на Јовески, а посебно на Рускоска, им беше потребно да побараат притвор за специјалната јавна обвинителка. Еден месец во кој можеа да бидат уништени докази, да се влијае врз фактите и врз сведоците. Јасно е дека целиот овој систем би можел да биде објективно критикуван најмалку за негрижа, ако не и за малициозно соучесништво“, пишува Гајсер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…