ИРЛ серијал „Локални шерифи“ – Нефи Усеини


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Истражувачката репортерска лабораторија го започнува серијалот „Локални шерифи“ чија што цел е преку истражување на локалните проблеми да ги покажеме апсурдите на кои што е сведен системот кој што од независноста до денес почива на широко распространета и длабоко пенетрирана корупција

Нефи Усеини не е обичен човек. Тој може да прави кривични дела без да ги издржи затворските казни. Може да учествува во борби со кучиња и видеата од нив да ги објавува на социјалните мрежи без да се плаши дека ќе го побара полиција. Во Нефи и неговите постапки, судската, извршната и законодавната власт не гледаат проблем. Со нивна помош тој останува над законот.