Постигнат договор: СМС на чекор од „Олд Трафорд“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, постигна договор со Манчестер Јунајтед, потврдија англиските медиуми.

Манчестер Јунајтед доби дозвола од Лацио да преговара со 24-годишниот играч за врска, па постигна комплетен договор за личните услови.

Претходно „црвените ѓаволи“ постигнаа договор со Лацио за трансфер тежок 80 милиони евра, но се ќе зависи од тоа дали Пол Погба ќе остане во тимот.

Ако Французинот се пресели во Реал Мадрид, тогаш раководството на Јунајтед ќе има пари за привлекување на Србинот.

Англиските медиуми тврдат дека двата трансфери се блиску до реализација и се треба да биде готово во следните десетина дена.

Реал Мадрид ја подобри понудата за Погба, па веднаш откако Французинот ќе замине, Јунајтед ќе го потврди трансферот на Милинковиќ-Савиќ.