Home Актуелно Србија од денес ги поскапува патарините за 12 проценти

Србија од денес ги поскапува патарините за 12 проценти

Според информацијата која ја пренесува Јавното претпријатие „Путеви Србије“ во Србија од денес патарините поскапуваат за 12 проценти, што ќе биде второ поскапување на оваа давачка во последните две години.

Како што се наведува во објавеното соопштение, возачите на автомобили во иднина ќе треба да одвојат 1.500 динари (775 денари) за патување во еден правец меѓу Прешево и Белград или 600 динари (310 денари) за релацијата Прешево – Ниш.

Возачите кои од нашата земја ќе патуваат низ Србија, во правец кон Унгарија, за еден правец ќе треба да издвојат 2.130 динари (1.100 денари) за патарина. Овој надоместок за граѓаните што планираат со својот автомобил да патуваат кон Хрватска ќе чини 1.910 динари (987 денари), и тоа за сите наплатни рампи на автопатот од Прешево до Шид.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…