Home Спорт Мадриѓаните не веруваат во Зидан: Навивачите очекуваат да добие отказ до Божиќ

Мадриѓаните не веруваат во Зидан: Навивачите очекуваат да добие отказ до Божиќ

Зинедин Зидан се врати на чело на Реал Мадрид во март оваа година, кога тимот беше во тешка ситуација и потпиша договор со „кралевите“ до 2022 година.

Сепак, резултатите на „белите“ под негово раководство до крајот на сезоната беа слаби. Презентацијата на тимот и во летната подготовка не ги израдува навивачите, па почна да се шпекулира дека француската легенда нема да биде на чело на „кралскиот“ клуб по Нова Година.

Весникот „АС“ направи анкета за навивачите на Реал, барајќи од нив мислење дали Зидан ќе биде на чело на Реал до Божиќ.

Повеќе од половина од гласовите – 53%, веруваат дека на почетокот на 2020 година тимот ќе биде предводен од нов тренер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…