Home Спорт Арсенал прави „пеколен“ тим: Еве како ќе изгледа тимот на Емери следната сезона (фото)

Арсенал прави „пеколен“ тим: Еве како ќе изгледа тимот на Емери следната сезона (фото)

Иако медиумите пишуваа дека ќе има мал буџет за трансфери ова лето, сепак Арсенал вистински „бум“ на трансфер пазарот.

Во последните неколку дена Арсенал ги официјализираше трансферите на Дани Себаљос од Реал Мадрид и Вилијам Салиба од Сент Етјен.

Притоа „топџиите“ го договорија наскапото засилување во својата историја и ќе платат 80 милиони евра за Николас Пепе.

Ѕвездата на Лил беше мета на многу европски гиганти, но на крајот го избра Арсенал и во следните денови треба да го комплетира трансферот на „Емирати“.

Меѓутоа „топџиите“ не мислат да застанат тука и ќе тргнат кон ангажман на левиот бек Кјеран Тирни од редовите на Селтик, со што би требало да биде комплетиран трансфер пазарот.

Еве како ќе изгледа тимот на Арсенал следната сезона:

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…