Home Спорт Елмас: Среќен сум што ќе играм во Наполи!

Елмас: Среќен сум што ќе играм во Наполи!

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас вчера ги помина лекарските прегледи во клиника во Рим, а подоцна им се приклучи на своите нови соиграчи во тренинг кампот на Наполи.

Наполи за неговиот потпис плати 16 милиони евра, а Елмас вели дека ова е шанса да ги покаже своите квалитети.

„Навистина сум среќен и возбуден што ќе играм во Наполи. Ова е мојата голема шанса, предизвик да им покажам на сите колку вредам“, изјави Елиф Елмас.

Инаку трансферот на македонскиот репрезентативец од Фенербахче во Наполи е за сума од 16 милиони евра плус дополнителни бонуси.

Тој потпиша петгодишен договор со италијанскиот клуб и годишно ќе заработува 1,5 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…