Home Актуелно Времето денеска: Претпладне сончево, попладне невреме

Времето денеска: Претпладне сончево, попладне невреме

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни (во источните делови над 20л/м2) проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 9 и 17, а дневната од 24 до 31 степен.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност, попладне и во текот на ноќта променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд и грмежи, особено претпладне. Потоа и во следните денови времето ќе биде променливо и посвежо со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…