Home Актуелно Руски комичари му се претставија на Заев како Столтенберг и Порошенко – еден час правеа муабет на телефон

Руски комичари му се претставија на Заев како Столтенберг и Порошенко – еден час правеа муабет на телефон

Вован ( Владимир Кузнецов) и Лексус (Алексеј Столаров), руски комичари и автори на местенки на кои се имаат „слизнато“ светски политичари како Макрон и Гуаидо, овој пат го слизнаа и македонскиот премиер кој паднал на нивната местенка.

Двајцата Руси објавија аудио снимка од телефонски разговори направени минатата година во август и оваа година во април со премиерот на Македонија, Зоран Заев .

Тие се претставиле како тогашниот претседател на Украина, Пјотр Порошенко, а подоцна во разговорот го ,,вклучиле“ и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На крајот од аудио снимката е „понудена помош“ од Порошенко да посредува за МПЦ кај вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Заев ниту во еден момент не се сомнева дека не се вистинските личности за кои се претставиле комичарите и обилно ги известува за успесите на неговата надворешна политика, Преспанскиот договор, но и за односите со Русија, проблемот со Косово, односите Србија-Косово, и пошироко за проблемот на Украина со Крим и друго.

Исто така, Заев во детали ги информира комичарите за претстојниот референдум и за тоа кои земји во светот ја поддржуваат Македонија, а кои не.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…