Home Шоубизнис Јапонците ја „запукаа“ Ким Кардашијан – таа потклекна пред критиките

Јапонците ја „запукаа“ Ким Кардашијан – таа потклекна пред критиките

Планетарно популарната „риалити“ ѕвезда Ким Кардашијан, после критиките кои ги доби како удар од јавноста за името од нејзината брендирана долна облека, најави промена на името на производите.

Јапонците ја обвинија старлетата за непочитување на нивната култура. Илјадници на социјалните мрежи напишаа критики во кои наведуваат дека со долната облека “Kimono Intimates” не се почитува јапонската традиционална облека.

Иако минатата недела најави дека нема намера да го менува името на брендот, вчера се извини на Твитер и напиша дека ќе го смени имети и дополнително ќе го објави новото.

,,Секогаш слушам, учам и се развивам. Кога го објавив името на мојата нова модна линија, тоа го направив со најдобри намери.’ напиша Кардашијан.

Јапонците го носат кимоното од 15. век како дел од свечената облека , а сега тоа име треба да го носат делови од долна облека , што за Јапонците е навредливо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Сека Алексиќ им одговори на жените што ја критикуваат: „Сега кога изгледам подобро од нив, ништо од солидарноста“

Откако ослабе 22 килограми, Сека Алексиќ добива многу комплименти, но и негативни коментар…