Тренерот на Реал Мадрид, Зиндин Зидан сака во своите редови да ја донесе ѕвездата на Ливерпул Садио Мане и има план како да го направи тоа.
Според пишувањето на англиските медиуми, „кралевите“ на Клоп му го понудиле Марко Асенсио во замена за Садио Мане.
Познато е дека германскиот стратег и претходно го сакаше Шпанецот да го види во своите редови и беше спремен да плати голема сума за младиот фудбалер на Реал.
Фактот дека „Црвените“ не се спремни да потрошат големи пари, па Реал понуди и друго решение, да го испрати Асенсио на „Енфилд“, а во спротивна насока да си оди Садио Мане.
Сепак, Сенегалецот е еден од најважните играчи во екипата на Јирген Клоп и тешко дека Германецот ќе се откаже од него, па дури и во спротивна насока да си го добие Асенсио.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1145277828088434688