Home Спорт Навивачите на Барсa му кажаа НЕ на Нејмар, еве кој играч го сакаат!

Навивачите на Барсa му кажаа НЕ на Нејмар, еве кој играч го сакаат!

Иднината на Нејмар ова лето е една од најжешките теми на трансфер пазарот, откако Бразилецот му соопштил на ПСЖ дека сака трансфер.

Сопственикот на ПСЖ, Насер ал Келаифи не ја затвори вратата за негова продажба, па се погласни се шпекулациите за негово враќање во Барселона.

Каталонциите наводно веќе ја започнале операцијата за враќање на Бразилецот на „Камп Ноу“.Според пишувањето на шпанските медиуми, Барселона бара од Нејмар да се откаже од тужбата во која бара 26 милиони евра за неисплатени бонуси и јавно да каже дека сака да се врати на „Ноу Камп“.

Нејмар е спремен да ги исполни сите услови за да се врати во Барса, но навивачите не го сакаат играчот кој им сврти грб пред две години.

„Мундо Депортиво“ направи анкета според која дури 71,2% од фановите на Барса не го одобруваат враќањето на Бразилецот.

На прашањето кое е најпосакувано засилување за Барселона, 48,8% од навивачите го избрале Матијас де Лихт, додека Антоан Гризман го сакаат 9,6% од фановите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…