Home Спорт Реал Мадрид спремен да го продаде Марсело

Реал Мадрид спремен да го продаде Марсело

Реал Мадрид е спремен ова лето да се раздели со Марсело, доколку го донесе левиот бек на Лион Ферлан Менди, пренесува „Марка“.

„Кралскиот“ клуб понуди 50 милиони евра за 24-годишниот француски репрезентативец и се надева наскоро да го комплетира трансферот.

Менди треба да биде алтернатива за Марсело, но можно е да биде прв избор доколку пристигне интересна понуда за Бразилецот.

Марсело игра за Реал Мадрид од 2007 година и веќе стекна легендарен статус со 486 одиграни меча на кои постина 36 гола и запиша 90 асистенции. Меѓутоа, Бразилецот одигра многу лоша сезона и го загуби првотимскиот статус кај претходните тренери.

Зидан сака да го задржи во тимот, но му соопштил дека нема да има голема минутажа доколку пристигне Менди, па поради тоа Реал може да се реши на негова продажба.

Јувентус во моментов покажува најсериозен интерес за 31-годишниот лев бек, но не се исклучува негов трансфер во Премиер лигата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…