Home Спорт Ѕвездата на Ајакс може да си замине за само 20 милиони евра

Ѕвездата на Ајакс може да си замине за само 20 милиони евра

Ајакс игра феноменална сезона и беше на чекор од финалето во Лигата на шампиони, па многу играчи на овој клуб го привлекоа вниманието на европските гиганти.

Еден од нив е и левиот бек Таљафико за кого европските гиганти се тепаат, но тој реши да му остане верен на Ајакс.

Аргентинецот неодамна стави потпис на нов договор и се обврза на верност кон холандскиот гигант до 2022 година.

Меѓутоа, холандските медиуми откриваат дека во неговиот договор има откупна клаузула и тој може да си замине од Ајакс за само 20 милиони евра.

26-годишниот лев бек е мета на многу европски гиганти, меѓу кои Арсенал, Атлетико Мадрид, Интер, Раел Мадрид…

Таљафико ја игра втората сезона за Ајакс, каде што дојде од редовите на аргентинскиот Индепендиенте, па иако неодамна потпиша нов договор, многу е веројатно дека ова лето ќе ја промени средината.

https://twitter.com/AFCAjax/status/1124293873877045248

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…