Home Спорт Уметност: Оваа акција најдобро покажуваше како играше Ајакс вчера (ВИДЕО)

Уметност: Оваа акција најдобро покажуваше како играше Ајакс вчера (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ајакс вчера успеаа да го совладаат Јувентус со 2:1 во реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, пишува Спортски.мк.

Малкумина беа оние кои очекуваа дека холандскиот тим може да помине откако првиот натпревар во Амстердам заврши со резултат 1:1.

Меѓутоа Ајакс во Торино одигра навистина храбро и заслужено помина во полуфиналето од ова натпреварување. Јувентус поведе во 28-та минута со голот на Кристиано Роналдо и тогаш изгледаше како работата да е решена.

Холанѓаните не паднаа во играта после тој гол, напротив заиграа уште подобро и веќе во 34-тата минута изедначија на 1:1, а стрелец беше Ван Де Бек.

Матијас Де Лихт со голот во 67-та минута донесе победа на Ајакс. Холандскиот тим одигра чудесно второ полувреме и доминираа на теренот, можеа да постигнат и уште некој гол во мрежата на Јувентус.

Како Ајакс играше најдобро покажува акцијата на играчите на овој тим од 56-тата минута кога со низа фантастични додавања исфрлија неколку фудбалери на Јувентус и стигнаа до голот.

Извор: Спортски.мк

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…