Home Актуелно Одрони на магистралата А3 на патниот правец Делчево – Кочани

Одрони на магистралата А3 на патниот правец Делчево – Кочани

По интензивните врнежи од дожд што го зафатија источниот регион, од утрово повторно е забележлива појава на одрони. Возачи информираат дека голема карпа од одрони стои испречена на патниот правец од Македонска Каменица кон Кочани со што движењето во сообраќајот е отежнато, јавува ТВ Сител.

-Карпата се наоѓа од десната страна на коловозот и го попречува оној дел на коловозот за возачите кои патуваат кон Кочани. На левата страна постои простор каде можат да поминуваат возилата, но на ризик на самите учесници во сообраќајот, јавуваат возачи.

За одроните е известена екипа на Македонија пат која се упатила на местото на настанатите одрони и се очекува наскоро истите да се расчистат. Сепак од таму апелираат на внимателно возење од страна на учесниците во сообраќајот, бидејќи за време на дожд поради стрмниот терен можни се почести одрони на повеќе места. На останатиот дел од патниот правец Делчево – Кочани, сообраќајот се одвива по влажни коловози.

Извор: Сител

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…