Актуелно

И Бугарија ќе ја истражува авионската несреќа кај Солунска Глава

Покрај македонските надлежни органи, предистражна постапка за авионската несреќа кај Солунска Глава ќе води и бугарското обвинителството, објави бугарската агенција Бгнес. Како што се наведува, сослушани ќе бидат претставници на надлежните за цивилниот воздушен сообраќај во Македонија, а ќе се побараат и информации од спроведените експертизи.

Во авионската несреќа загина четиричлено семејство, државјани на Бугарија, кога авионот „пајпер 210“, управуван од мажот, од засега неутврдени причини, се урна на еден од планинските венци кај Солунска Глава, на надморска височина од 2.200 метри. Според првичните информации, причина за падот на авионот биле лошите метеоролошки услови и силната турбуленција.

To Top