Home Спорт Милан има „пеколен“ план: Носи фантастично друштво за Пјонтек во нападот!

Милан има „пеколен“ план: Носи фантастично друштво за Пјонтек во нападот!

Фудбалерите на Милан пружаат солидни партии во последно време и се многу блиску до изборат пласман во Лигата на шампиони следната сезона.

„Росонерите“ во јануари донесоа две големи засилувања, Пакета и Пјтонтек, кои го поткренаа квалитативното ниво на тимот, но Милан во летниот преоден рок планира дополнително да се засили.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ се во потрага по крилен напаѓач и дека започнале преговори за ѕвездата на Евертон, Ричарлисон.

Леонардо сака да го донесе својот сонародник на „Сан Сиро“ и смета дека би бил идеален партнер за Пјонтек во нападот. Сепак, единствена пречка за реализација на овој трансфер може да биде обештетувањето кое го бараат „карамелите“.

Евертон минатото лето искешира 50 милиони евра за Ричарлисон, па за неговата слобода во моментов бараат 65 милиони евра, сума која „росонерите“ не се спремни да ја платат.

Сепак, Милан доколку избори пласман во Лигата на шампиони ќе има голем буџет за засилувања, а Леонардо не се откажува од идејата да го донесе Бразилецот на „Сан Сиро“.

Оваа сезона Ричарлисон постигна 13 гола во 32 настапи во Премиер лигата за Евертон.

https://youtu.be/vDojgKydhZQ

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…