Home Актуелно Заев се извини за грешката со „холокаустот како еврејска традиција“

Заев се извини за грешката со „холокаустот како еврејска традиција“

Премиерот Зоран Заев на вечерашната комеморативна свеченост по повод 76-годишнината од депортацијата на македонските Евреи направи лапсус и наместо трагедија, рече традиција.

Неговата грешка ги „запали“ социјалните мрежи каде наиде подеднакво и на осуди и на потсмев. По ова, премиерот се извини на Фејсбук.

„Во моето обраќање на денешниот настан по повод одбележувањето на 76 години од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка и официјалното отворање на музејската поставка во Меморијалниот центар на холокаустот, направив ненамерна грешка. Имено, во делот од говорот кој гласи: „Холокаустот не е само еврејска трагедија, ниту само една темна страница од Втората светска војна. Со сиот свој ужас, овој геноцид е предупредување и лекција за сите нас, од сите вери, за сите времиња“, наместо зборот „трагедија“, ненамерно го искажав изразот „традиција“. Секако се работи за ненамерен лапсус, грешка заради која изразувам извинување. Уверувам дека моето обраќање во целина и недвосмислено го одразува духот на осуда на геноцидот врз еврејскиот народ и на сочувството со семејствата на жртвите на холокаустот. Грешката не е објавена на веб страницата на Владата за да не повреди ничии чувства“, напиша Заев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…