Најдобриот голгетер во Бундеслигата оваа сезона, Лука Јовиќ на крајот на сезоната ќе се пресели во Барселона, пренесуваат германските медиуми.
Јовиќ оваа сезона со 14 гола е најдобар стрелец во Бундеслигата и за него интерес покажаа многу европски гиганти.
Последните информации од Германија се дека Барселона постигнала комплетен договор со 21-годишниот голгетер и останува уште да ја договори отштетата со Ајнтрахт Франкфурт.
https://twitter.com/navidjaaan/status/1094896120017375232
Јовиќ е играч на Бенфика, но Ајнтрахт има можност да го откупи на крајот на сезоната за 12 милиони евра.
Барса бара наследник на Луис Суарез и сака што побрзо да го договори трансферот на Јовиќ, бидејќи интерес за него покажува и Реал Мадрид.
Германските медиуми пренесуваат дека Каталонците за неговиот потпис ќе треба да платат околу 40/45 милиони евра.
https://youtu.be/YdPl-Tff2F8