Ливерпул спрема богата понуда за ѕвездата на Наполи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека од Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездата на Наполи и италијански репрезентативец, Лоренцо Инсиње.

Инсиње и оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери на Наполи и досега на 27 меча постигна 11 погодици и запиша шест асистенции.

Клоп смета дека Италијанецот иделано би се вклопил во неговиот стил на игра и е спремен да испрати понуда од 70 милиони евра за неговиот потпис.

Сепак, мала е веројатноста Наполи да се откаже од својата ѕвезда. Наводно претседателот Де Лаурентис е спремен да одбие понуда и од 100 милиони евра за Инсиње.