Јане Ченто се извини на затворската управа за тепачката во неговата ќелија во Шутка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јане Ченто, кој се наоѓа во притворното одделение во затворот во Шутка, преку писмен пат упати извинување до управата на Истражниот затвор во кое ги признава неговата грешка и вината за инцидентот на 18 јануари годинава, кога при вонреден претрес на неговата келија предизвика тепачка откако му беше пронајден мобилен телефон што одбивал да го предаде, пренесува МИА.

Во писмото до директорот и вработените во затворот, притвореникот Ченто наведува дека тој лично ја прифаќа одговорноста за постпката која е резултат на негово погрешно однесување, и го нуди своето извинување за предизвиканиот инцидент и бара да му биде простено за грешката, информираат од Управата на Истражниот затвор во Шуто Оризари.

Притвореникот Ченто во писмото, исто така, упатува и барање да биде вратен во собата во која бил пред настанот со кој го наруши редот во затворот.

Од управата на затворот информираат дека ќе биде разгледано неговото барање и наскоро ќе го извести притвореникот за одлуката.