80 бездомници на -25 Целзиусови останаа без засолниште – еден човек им плати хотел


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На брутално ниските температури кои моментално го мрзнат Чикаго и паѓаат и до минус 25 степени Целзиусови, 80 бездомници останаа без засолниште откако таму експлодираше еден резервоар со гас кој го добиле за да се греат.

На градските власти не им преостануваше ништо друго освен да се обидат што е можно побрзо да најдат сместување за тие 80 луѓе, но во тоа побрз беше непознат добродетел кој на сите нив им плати сместување во хотелски соби.

Армијата на спасот беа спремни да ги прифатат после експлозијата, но добивме известување дека тоа веќе не е потребно, бидејќи бездомниците се згрижени. Се воодушевивме што се на топло и безбедно“, изјави Џеки Рачев од „Армијата на спасот“ за CNN.

Исто така, таа откри дека не се знае идентитетот на човекот кој го направил тоа добро дело, како ни до кога бездомниците ќе останат во хотелот.

Имајќи во предвид дека експлодираше една од 200-те боци со плин кои граѓаните на Чикаго ги донираа за бездомниците, Џеки предупреди на потенцијалната опасност и од други експлозии.

„Знаеме дека луѓето од Чикаго имаат големи срца, но ве молиме да не им донирате боци со пропан на бездомниците, бидејќи истите можат да бидат многу опасни“, изјави таа.

Истото го апелираат и противпожарните служби на Чикаго.