Бијонсе и Џеј Зи даваат гратиси за сите свои концерти на оние кои ќе станат вегани


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Славниот музички пар Бијонсе и Џеј Зи одлучија да ги мотивираат своите верни обожаватели да започнат нов, поздрав стил на живот со тоа што ќе станат вегани, пренесува Time.

Queen B во средата на својот Инстаграм профил го најави проектот наречен „The Greenprint Project Sweepstake“, натпреварување во кое обожавателите ќе можат да освојат бесплатни влезници за сите концерти на Бијонсе и Џеј Зи во наредните 30 години, доколку тие ги исфрлат од својата исхрана намирниците од животинско потекло.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

Бијонсе на социјалните мрежи неодамна напиша објава во која предлага растителен доручек и почеток на седмица без месо како два начини за почеток на консумирање „еколошки совесна  храна“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

Бијонсе и Џеј Зи неодамна, во предговорот на новиот вегански готвачки прирачник од Марк Боргезе, кој исто така се вика Greenprint, заговараа прифаќање на веганските навики.

„Децата ги променија нашите животи повеќе од било што друго. Ние здравите навики во исхраната често ги поистоветувавме со диета. Некој од нас беа на диети, а некои не. Кога почнавме да гледаме на здравјето како на нешто што има врска со промена на целокупниот начин на живот, наместо исклучиво со начинот на исхрана, сами себеси си поставивме предизвик тоа да го споделиме со што повеќе луѓе“, стои во предговорот на споменатиот готвачки прирачник чии автори се Џеј Зи и Бијонсе.