Home Шоубизнис И Лејди Гага во игра за Оскар – објавени номинациите за најпрестижната филмска награда

И Лејди Гага во игра за Оскар – објавени номинациите за најпрестижната филмска награда

Со по десет номинации во различни категории, филмовите „Рома” на Алфонсо Кварон и „Миленичка” на Јоргос Лантимос се најзастапени од номинираните филмски дела за најпрестижната филмска награда Оскар.

Со по осум номинации следуваат „Ѕвездата е родена” и „Човек од сенка”. Сите четири се номинирани за најдобар филм, а во истата категорија им конкурираат „Црниот член на ККК” , „Црн пантер” , „Боемска рапсодија” и „Зелената книга”.

За најдобра машка улога за Оскар се натпреваруваат актерите Кристијан Бејл, Бредлим Купер, Рами Малек, Виго Мортенесен и Вилијам Дефо.

Во категоријатаз а главна женска улога се номинирани актерките Оливија Колман и Јалица Апарицио, Глен Клоуз, која ја добива седмата номинација во истата категорија, Лејди Гага и Мелиса МекКарти. Пејачката Лејди Гага за прв пат имаше голема филмска улога во филмот „Ѕвездата е родена” и веднаш следува и номинација.

За најдобар спореден актер во конкуренција се Махершал Али, Адам Драјвер, Сем Елиот, Ричард Грант и Сем Роквел.

Во женска конкуренција се номинирани Ема Стоун, Реичел Вајс, Марина де Тавира , Еми Адамс и Реџина Кинг.

Покрај Кварон и Лантимос, за најдобра режија номинации добија и Адам МекКеј за „Човек од сенка”, Павел Павликовски за „Студената војна” и Спајк Ли за филмот „Црн член на ККК”.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Хари порача дека децата заслужуваат безбедност по апсењето на таткото на Меган Маркл

Во првото јавно обраќање по апсењето на таткото на Меган Маркл под сомнение за поседување …