Home Вебкафе „Чиста десетка“ од над 60 милиони прегледи

„Чиста десетка“ од над 60 милиони прегледи

Со својата опуштена и атркативна гимнастичарска изведба, Кејтлин Охаши успеа да го сврти светското медиумско и јавно внимание врз себе и со само едно видео да „набилда“ гледаност од над 60 милиони прегледи.

На гимнастичкото натпреварување на американскиот колеџ UCLA Кејтлин имаше изведба за која заработи највисока, чиста десетка како генерална оценка. Со својот настап и игра го воодушеви целиот свет, а видеото од нејзиниот настап на социјалните мрежи за само четири дена имаше вкупно повеќе од 60 милиони прегледи, со стотици илјади споделувања и реакции и илјадници коментари.

Охаши своевремено била олимписка надеж на САД, ја победила во 2013 година на Американскиот куп Симон Бајлс, подоцна четворократната олимписка шампионка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаете колку години ви краде екранот? Одговорот не е за луѓе со слабо срце!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ КОЛКУ ГОДИНИ ВИ „ЈАДЕ“ ЕКРАНОТ? НЕ Е ЗА ОНИЕ СО СЛАБО СРЦЕ Замислете некој да …