Home Шоубизнис Премиера на „Македонисимо“ во Белград: Симон Трпчески ја импресионираше публиката

Премиера на „Македонисимо“ во Белград: Симон Трпчески ја импресионираше публиката

Македонскиот пијанист од светска класа Симон Трпчески со неговиот нов проект „Македонисимо“ синоќа во Белград, направи маестрално емотивно шоу со македонската традиционална музика.

Престижниот „Коларац“ кој беше преполн до последно место беше магепсан со импресии од изведбата на Трпчески на „ Македонисимо“. Публиката имаше ретка прилика даужива, преку виртуелната обработка на најубавите македонски традиционални мелодии, главно од играчки карактер, кои специјално за петчлениот камерен состав ги обработи композиторот Панде Шахов.

„Многу ми е мило што сум во Белград, кој е еден голем центар, со голема традиција и гледачите ќе можат да чујат музика којашто ја познава и сака и ние ќе им приредиме една многу убава вечер“, изјави Трпчески во пресрет на концертот во Белград.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Последен ден за големите попусти на Amazon Prime

Ако го читате ова, побрзајте! Големите попусти на Amazon Prime се во полн ек, а дводневнио…