Home Шоубизнис Неговите безобразни шеги на сметка на колешката ги чинеа CBS 9,5 милиони долари

Неговите безобразни шеги на сметка на колешката ги чинеа CBS 9,5 милиони долари

Актерката Елиза Душку го доби судскиот спор и треба да биде обештетена со сума во висина од 9,5 милиони долари од продуцентската куќа CBS поради невкусните и безобразни шеги кои нејзиниот познат колега ги правел на нејзина сметка.

Ѕвездата на серијата „Bull”, Мајкл Ведерли на својата колешка , која ја добила улогата на негова партнерка , иако не му се допаѓала, скапо ги плати шегите. Тој , откако разбрал дека Елиза му е доделена како постојана партнерка, почнал да и кажува шеги за силување, коментари за секс во тројка и критики за нејзиниот изглед и тоа пред целата екипа.

Актерката се побунила и веднаш добила отказ.Но, таа не застанала тука. Разговарала со неколку од главните луѓе во продуцентската куќа CBS, кои на крајот морале да и исплатат 9,5 милиони долари , колку што би изнесувала нејзината плата за четири сезони од серијата.

Американските медиуми дошле до овој случај, додека траел друг поврзан со оваа продуцентска куќа. Ведерли јконечно морал и јавно да и се извини на колешката Душку.

Таа не смее да дава никакви изјави поврзани со овој случај , зашто тоа е една од клаузулите потпишани пред исплатата на сумата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…