Home Шоубизнис „Ништо нема да нè раздели“ – ново од одличните Bernays Propaganda

„Ништо нема да нè раздели“ – ново од одличните Bernays Propaganda

Со слушачка промоција и прес-конференција закажана за 19 декември, која ќе се одржи во продавницата за плочи „Ап(о)тека)“ во скопски МКЦ, Bernays Propaganda ќе го претстават новото EP издание „Ништо нема да нè раздели“.

Презентер на промоцијата ќе биде Тошо Филиповски, авторот на Македонската рок енциклопедија.

Проширеното издание на „Ништо нема да нè раздели“ содржи 3 песни снимени во Studio 1060 со новата постава која покрај Кристина Горовска, Васко Атанасоски и Дени Крстев е засилена со Раде Јордановски и Кристијан Лафазановски. Како гости на изданието се појавуваат Тони Китановски и Мајк Ват.

EP-то излегува на 12 декември за Moonlee Records, Geenger Records, Pop Depresija и Балкан Велики како најава за новиот албум „Втора младост, трета светска војна“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …