Home Актуелно Жестоките протести во Париз досега предизвикаа 4 милиони евра материјална штета

Жестоките протести во Париз досега предизвикаа 4 милиони евра материјална штета

Француските медиуми пренесуваат дека материјалната штета предизвикана досега за време на жестоките протести на „Жолтите елеци“ во Париз се проценува на 3 до 4 милиони евра.

Според последните информации кои француските медиуми ги добиле од градоначалникот на Париз, штетата е проценета на околу три до четири милиони евра.

По неговата оценка, оваа сума се однесува на оштетена или целосно уништена градска опрема, но се уште не се потврдени точните бројки бидејќи во тие три до четири милиони евра не е вметната оштетената триумфална порта.

За време на протестите приведени беа околу 400 лица, а стотина беа повредени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…