Home Вебкафе Ново „шоу“ на Марадона: Почна да тепа се околу себе (видео)

Ново „шоу“ на Марадона: Почна да тепа се околу себе (видео)

Легендарниот Диего Марадона не успеа да го доведе Дорадос во најелитниот ранг во мексиканскиот фудбал бидејќи неговиот тим беше поразен во финалето против Атлетико Сан Луис.

Во првиот натпревар Дорадос победи со минимални 1:0, но во реваншот беа потазени со 4:2, па Марадона после мечот беше видно разочаран.

Сол на раната му ставија противничките навивачи кои жестоко го навредуваа, притоа сето тоа го снимија.

Марадона не можеше да трпи такво понижување и тргна физички да се пресмета со навивачите на Атлетико. За среќа неговите телохранители брзо реагираа.

https://youtu.be/WHqtvdUUAW4

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…