Home Актуелно Просечната плата во Македонија во септември изнесуваше 24.355 денари

Просечната плата во Македонија во септември изнесуваше 24.355 денари

Просечната нето плата за месец септември, 2018 година, изнесуваше 24.355 денари со што е забележан раст во однос на септемврискиот просек од 2017 од 4,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење камен за 21,9 отсто, информации и комуникации за 15,2 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита за 11,1 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите дејности на здравствена и социјална заштита за 4 отсто, образование за 2,4 отсто и други услужни дејности за 1,5 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2018 изнесува 35.794 денари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…