Home Вебкафе Вознемирувачки сцени: При скок од 90-метарска карпа не му се отвори падобранот (видео)

Вознемирувачки сцени: При скок од 90-метарска карпа не му се отвори падобранот (видео)

50-годишен човек чиј идентитет засега остана непознат, загина при скок од карпа во Назаре, Португалија, кога при слободниот пад на време не му се отвори падобранот.

Ужасната сцена ја забележаа камерите, а се гледа дека падобранот на несреќниот човек се отворил дури кога неговото тело удрило на земјата.

Од 90 метри високата карпа двајцата пријатели скокнаа заедно, но на еден од нив не му се отворил падобранот. Португалските медиуми јавија дека станува збор за германски државјанин чие име не е соопштено, а кој во Португалија допатувал поради авантура.

При скок од истата карпа, во 2013 година, животот го загуби и еден 29-годишен Швеѓанец.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

После педесеттите сè се менува: 8 работи што никој повеќе нема нерви да ги трпи

Кога ќе се премине педесеттата, животот добива сосема нов “филтер” – како да се вклучи опц…