Home Актуелно Ќулафкова: Безгранична е моќта на ограничениот ум кој има неограничена власт – За една година ќе го сруши она што е градено со векови

Ќулафкова: Безгранична е моќта на ограничениот ум кој има неограничена власт – За една година ќе го сруши она што е градено со векови

Академикот Катица Ќулафкова имаше прилично депримирачки коментар во однос на последните случувања на македонската политичка сцена, очигледно алудирајќи на договорите со Грција и со Бугарија со кои се нарушува македонското национално ткиво.

„Безгранична е моќта на ограничениот ум кој има неограничена власт. За една година ќе го сруши она што е градено со векови”, напиша Ќулафкова на Твитер.

Во коментар Ќулафкова додава: „Некогаш неоформената национална свест, денес е деформирана и поткопана, за жал. Не само од пропагандите од надвор, туку и од внатре”.

Академикот Ќулафкова е само една од многуте интелектуалци кои јасно застанаа против Договорот со Грција со кој се врши промена на уставното име на Македонија, но истовремено се задира во идентитетот, историјата и културата кои ќе бидат предмет на преобликување во интерес на Грција и на Бугарија. Веќе почнаа да работат комисии, а интересно во комисијата со Грција нема ниту еден македонски експерт за античка историја.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…