Home Спорт Необичен некролог: На погреб наместо цвеќе, носете голови од Роналдо! (фото)

Необичен некролог: На погреб наместо цвеќе, носете голови од Роналдо! (фото)

Навивачот на Јувентус, Марио Серафини почина вчера во 77-та година од животот, а неговиот погреб ќе се одржи во сабота.

Како што е вообичаено некролозите за неговиот погреб се залепени во неговиот град Лука во Тоскана со цел на познаниците да им се соопшти неговата смрт.

Неговото семејство ја објави тажната вест, но постави и необична порака на некрологот.

„Неместо цвеќе, носете голови од Роналдо“.

Станува збор за иницијатива на семејството наместо цвеќе парите да се уплатат во добротворни цели.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…