Home Актуелно Бил Николов до Макрон: Не нè присилувај да го смениме идентитетот

Бил Николов до Макрон: Не нè присилувај да го смениме идентитетот

Лидерот на Македонско меѓународно движење за човекови права, Бил Николов, бара францускиот претседател Емануел Макрон да се однесува кон Македонците исто како што се однесува кон своите Французи.

Тој во директна порака до Макрон бара средба очи во очи за да чуе зошто за Македонците и Французите важат различни принципи кога е во прашање националниот и личен идентитет.

„Францускиот претседател вели: ’Јас го бранам својот народ, јас ја бранам својата земја, јас верувам дека имаме силен идентитет’. Зошто се обидувате да ги присилите Македонија и Македонците да го променат својот идентитет. Сретнете се со мене. Кажете ми в лице дека мојата етничка група е помалку важна од вашата”, му порачува Николов на Макрон.

Извор: Експрес.мк

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…