ЦИА: Убедени сме дека принцот Мохамед го нарачал убиството на новинарот Кашоги


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ЦИА верува дека зад нарачката на убиството на новинарот Џамал Кашоги стои никој друг, туку лично саудискиот принц Мохамед бин Салман, пренесуваат американските медиуми.

Неименуван извори близок на ЦИА за американските медиуми тврди дека агенцијата веќе има собрано докази кои го поврзуваат принцот со убиството. Дополнително тие се сомневаат дека таква операција била спроведена без знаење на наследникот на саудискиот трон.

Ријад ги нарече тврдењата во американските медиуми лажни и инсистира дека принцот немал никаква врска со убиството на Кашоги.

Но Вашингтон пост, весникот за кој работеше Кашоги, објави телефонски разговор, од чија снимка копија поседува и ЦИА, меѓу новинарот и Халед бин Салман, саудискиот амбасадор во Вашингтон и брат на принцот Мохамед. Во разговорот, Халед му укажува на Кашоги дека се јавува во име на неговиот брат кој му гарантира дека ништо нема да му се случи во конзулатот во Истанбул.