Home Вебкафе Младите Швеѓани полудеа по трендот на вградување чип во раката – еве ја причината

Младите Швеѓани полудеа по трендот на вградување чип во раката – еве ја причината

Помладите генерации на Швеѓани на големо го следат трендот на вградување на „авто-чипирање“ кое се извршува преку хируршка интервенција.

Вградувањето на чип со големина на зрно ориз се прави со помош на оперативен зафат, а чипот се вградува во делот меѓу палецот и показалецот. Неговата функција е замена на сите картички и електронски клучеви кои одамна се неодминлив дел од секојдневието.

Чипот вграден во раката го менува електронскиот паричник, кредитната картичка, пасошот, како и сите врсти на електронски клучеви. Наместо картичката да се вади од паричникот доволно е само раката да се стави во близина на читачот на картички или ПОС терминалот. Со тоа, младите во Шведска се раатисуваат од сите тие клучеви и картички кои досега беа принудени да ги носат со себе.

Цената на чипот заедно со вградувањето изнесува околу 180 долари.

Важно е да се напомени и фактот дека во чипот нема ГПС, што значи дека е невозможно да се следи човекот кој има вграден чип

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Дали само изгледаш „добро“ за Инстаграм? Вистината за рутината за самогрижа која никој не ја објавува

Во ерата каде што сè е естетски совршено – од утринските рутини до „мирните вечери со свеќ…