Home Спорт СВЕТОТ ВО ШОК: Ова ќе бидат тројцата финалисти за „Златната топка“!?

СВЕТОТ ВО ШОК: Ова ќе бидат тројцата финалисти за „Златната топка“!?

„Франс Фудбал“ го објави списокот на кандидати за „Златната топка“, а наскоро се очекува истиот да биде скратен на тројца финалисти.

Реномираниот „Екип“ од свои извори дојде до информација кои ќе бидат тројцата финалисти и буквално го шокира фудбалскиот свет.

За прв пат нема да го има Меси, но и Кристиано Роналдо. Имено, за „Златната топка“ ќе се борат Лука Модриќ, Варан и Килијан Мбапе.

Модриќ ја освои Лигата на шампиони со Реал Мадрид и стигна до финалето на Мундијалот, притоа беше избран за играч на годината од страна на ФИФА.

Варан ги има и двете награди, но за волја на вистината не играше клучна улога во двата случаја.

Мбапе беше прва ѕвезда на Мундијалот и ја освои светската круна со Франција, но изненадување е да биде пред Гризман кој ја освои и Лига Европа со Атлетико.

Наградата ќе биде доделена на почетокот на декември, па останува да видиме каква ќе биде реакцијата на Роналдо и Гризман доколку се вистинити информациите дека ги нема меѓу финалистите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…