Home Спорт „Бомба“: Познато и првото засилување кое Венгер ќе го донесе во Милан!

„Бомба“: Познато и првото засилување кое Венгер ќе го донесе во Милан!

Еминентниот „Франс Фудбал“ вчера лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека се е подготвено за доаѓањето на Арсен Венгер на клупата на Милан.

Повикувајќи се на свои, како што се наведува доверливи извори, Французите тврдат дека Венгер имал средба со сопственикот на Милан, Гордон Сингер кој лично наводно го смета Венгер за најдобро решение.

Според најавите, Венгер постигнал договор и од јануари ќе го наследи Џенаро Гатузо на клупата на „росонерите“.

Шпекуалциите одат толку далеку што веќе е познато и првото засилување кое Венгер ќе го донесе на „Сан Сиро“, а станува збор за неговиот „пулен“ Арон Рамзи.

Велшанецот е на излезна врата од „Емирати“, а наводно Венгер имал разговор со фудбалерот и го убедил да му се придружи во неговиот тим во Милано.

https://twitter.com/footballitalia/status/1059516696560627712

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…