Шмајхел после експлозијата во солзи истрчал од соблекувалната (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Лестер, Каспер Шмајхел синоќа се обидел да му помогне на сопственикот на клубот Вичај Шриваданапраба чии хелокоптер се урна во близина на стадионот.

Леталото полета од стадионот на Лестер, но се сруши после 200 метри на паркингот покрај стадионот.

Еден од навивачите, во изјава за „Скај Спортс“ кажал дека го видел голманот на Лестер, Каспер Шмајхел, како истрчува прв од стадионот.

Тој дури се упатил кон хеликоптерот во обид да помогне, но кога видел дека тоа е невозможно почнал да плаче.

Каспер е доста близок со сопственикот на Лестер, а оваа информација до некаде ги потврдува гласините дека во хеликоптерот се наоѓал сопственикот на клубот, но се уште нема официјални информации.