Home Вебкафе Во една година 45.000 пати се јавил во полиција – му „виси“ казна затвор од пет години

Во една година 45.000 пати се јавил во полиција – му „виси“ казна затвор од пет години

55-годишен маж од Турција се соочува со казна затвор до пет години заради „спречување на јавните полициски служби да си ја вршат работата“. Неговото „злосторство“ е тоа што во текот на една година дури 45.210 пати повикал полиција.

Шереф Кан, разведен маж од истанбулската област Бајрампаша, во периодот помеѓу 15 мај 2017 година и 15 мај 2018 година се јавувал во полиција најмалку по 100 пати во денот, или во една година направил вкупно 45.210 повици до полицијата. Но, не барал никаква помош и не упатувал никаква жалба, туку едноставно пробувал да си прави муабет со кој и да одговорел на телефонскиот повик.

Во еден момент, полициските службеници толку почнале да ги иритираат неговите јавувања, што упатиле жалба против него до секторот за комуникации и електроника од истанбулската полиција. Надлежните органи, откако се утврдила лудата бројка на повици кои ги упатил тој до полицијата, поднесле кривична пријава против него.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…