Фудбалерка добива стравични закани: „Ќе те силувам и ќе те убијам“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Навивачите на најважната споредна работа на светот понекогаш знаат да бидат отфазла понесени од жарот и емоциите при навивањето и посветеноста, па нивните дејствија излегуваат од контрола и нормала.

Но, пораките кои почна да ги добива англиската фудбалерка Карен Керни покажаа дека граници во навивањето одамна не постојат, особено кога стнаува збор за злоупотреба и малтретирање на интернет.

Шокираната фудбалерка на Челзи и англиската женска репрезентација одлучи да излезе во јавност со одвратните закани во пораки кои почнала да ги добива на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Philip Neville (@philipneville18) on

„Колку шанси ви требаат за да постигнете гол во второто полувреме, глупи кучки? Се надевам дека ќе добиеш рак и дека некој ќе те силува до смрт“, стои во одвратната заканувачка порака од еден забеган навивач.

Слични застрашувачки пораки добивала и нејзината соиграчка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Philip Neville (@philipneville18) on

„Ќе те силувам и ќе те убијам“, со прилично отворена закана напишал некој.

За овој скандал проговори и селекторот на англиската фудбалска репрезентација и бивш фудбалер на Манчестер Јунајтед, Фил Невил, кој прашува зошто Инстаграм не преземе нешто со што ќе ги заштити од такви пораки, а се огласи и самата фудбалерка.

„Ваквото малтретирање е одвратно, тотално неприфатливо и прилично вознемирувачко. Веднаш ги пријавив во полиција. Се надевам дека тие ќе направат сè што е во нивна можност за ова нешто да не ми се повтори мене, или на било кој друг“, напиша Карен во официјалната објава и се заблагодари на поддршката.

Од Инстаграм изјавија дека не толерираат закани и злоупотреби, како и дека веднаш ги исклучиле профилите од кои стигнувале таквите пораки.

„Ги повикуваме сите кои забележале вакви содржини, веднаш да ги пријават преку нашата апликација. Имаме глобален тим кој работи 24 часа на ден и е фокусиран на отстранување на таквите содржини“, изјави портпаролот на Инстаграм за The Sun.