Home Шоубизнис Фризурчето не е како што треба? Без гајле, мајка Колинда е тука (видео)

Фризурчето не е како што треба? Без гајле, мајка Колинда е тука (видео)

Свесно или несвесно, Колинда Грабар Китаровиќ се наметнува во улогата на колективна мајка на сите Хрвати, не само во политичка, туку и во животна смисла. Гушка и бакнува кого ќе стигне, се грижи, помага кога мисли дека треба – сето тоа како по некој мајчински инстикт.

Последна таква интересна сцена беше во Њујорк, од Собранието на Обединетите нации, со новинарката од вестите на ХРТ, Бранка Славица, на која се гледа како претседателката ја поправа нејзината фризура како мајка која ја досредува ќерката пред јавен или школски настап.

„Сега требаше ова да го сликата behind the scenes, како ја го поправам ова…“, се слуша Колинда на снимката, а екипата од телевизијата ја испочитува нејзината молба.

„Зад сцената. Кога претседателката се грижи за фризурата од репортерката Бранка Славица“, напишаа од ХРТ на снимката која ја објавија на Твитер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …